Најмалку 20 луѓе загинаа и 16 се повредени кога преполн минибус паднал во бездна на планински пат во индискиот дел на Кашмир, соопшти локалната полиција.
Во минибусот со 22 седишта имало најмалку 36 патници кога паднал во бездна во близина на градот Рамбан.
Претставник на полицијата соопшти дека возилото паднало откако, најверојатно, возачот загубил контрола над минибусот поради механички дефект.