Специјален лет се упати утрово кон Киев, со цел да евакуира граѓани на Индија заглавени во кризата меѓу Русија и Украина, јави Би-Би-Си.
„Ер Индија“ на 18 февруари соопшти дека ќе испрати три авиони од земјата во Украина. Летовите беа планирани за денеска, в четврток и во сабота.
Претходно, Индија ги повлече рестрикциите за летови до и од Украина.
Русија уверува дека нема планови да ја нападне Украина. Но, на 18 февруари, американскиот претседател Џо Бајден, изјави дека верува оти Путин е решен да нападне следниве денови.