Седум француски борбени авиони на морнарицата, кои биле на тренинг лет, морале принудно да слетаат во северна Индонезија поради лошо време.
Командантот на локалната воздухопловна база Хендро Ариеф изјави дека седумте борбени авиони безбедно слетале во базата Султан Искандар Муда, 90 минути после полетувањето од носачот на авиони Шарл де Гол во Индискиот океан.
Авионите биле на тренинг лет вон територијата на Индонезија, кога поради лоши временски услови, при враќањето на носачот, биле принудени да слетаат, додаде Ариеф.