Претседателот на Индонезија Џоко Видодо изјави дека е избрано местото каде што ќе биде престолнината на земјата.
Тоа е област која опфаќа делови од регионите на Северен Пенахам и Кутаи Картанегара во провинцијата Источен Калимантан на островот Борнео.
– Локацијата е стратешка, бидејќи е во центарот на Индонезија. Ризиците од катастрофи како што се поплави, земјотреси, цунами и вулкански ерупции се минимални, рече Џоко.
Тој прецизира дека преместувањето на престолнината ќе чини 466 трилиони рупии (32,79 милијарди долари), од кои државата ќе финансира 19 отсто, а останатите ќе бидат од приватни инвестиции и јавно-приватно партнерство.