Иран испрати поморски разорувач вооружен со систем ракети со долг дострел во Аденски Залив, со цел да ги заштити иранските бродови кои пловаат по таа рута, јави денеска државната „Прес телевизија“.

Според телевизијата бродот е најнапреден ирански разорувач.

Во придружба на разорувачот има и пловен објект за логистика, како и носач на хеликоптери.