Д-р Жаклина ШОПОВА
Еве како во една земја која се стреми кон ЕУ, се имплементираат законите:
На седница на Влада се донесува одлука да се скрати времето на изолација на пациентите со КОВИД со и без симптоми и тоа е во ред.
Да се имплементира одлуката ретроградно не е во ред!
Да дозволите врз основа на таа одлука ретроградно се избришат од систем над 7 000 пациенти , и при тоа ги прикажете на сајтот на МЗ дека се “излекувани” , е тоа е казниво со закон, бидејќи им ги ускратувате правата на дел од тие пациенти кои сеуште и маат тегоби да го продолжат лекувањето бидејќи ГИ НЕМА во системот!
…мора да научите дека законот е за да го почитуваат СИТЕ, а не некој да се постави над законот и да го толкува како му одговара!
Да ве прашам кој ќе е одговорен за оние пациенти кои сте ги “излекувале” (избришале) во Мој термин, а имаат влошување на состојбата откако сте им ја пратиле пораката!?… И како ќе ги внесете сега во системот како нови позитивни пациенти, како реинфекција !? Па каква ни е статистиката која сега ја имаме, кога сме измешале баби и жаби!?