Ни две минимални плати не можат да ги задоволат месечните потреби на 4 члено семејство. За да се истурка месецот потребни се над 43 илјади денари, пресмета Синдикатот. Со вклучената инфлација, од 14,7%, колку што објави статистиката, за март потребни се над 50 илјади денари, објавува ТВ Сител.

– Прашањето како да се преживее месецот и ние си го поставуваме. Излегува дека владините мерки воошто не дадоа позитивни резулати. Имаме само благо намалување од 100 денари кај храната во однос на претходниот месец. Она што може да го видиме во маркетите е дека цените ни малку не се намалени кај одредени производи. А кај замрзнатите, претходно покачени за 50%, а сега намалени за 10 осто, воопшто не се чувствува. Така што, немаме драстично намалување, неполни 900 денари, изјави Иван Пешевски, потпрестедател на ССМ, за ТВ Сител.

Во споредба со претходниот месец има благ пад на инфлацијата. Но тоа, не е доволно, смета Синдикатот. Ни замрзнувањето на цените, ни зголемувањето на минималната плата и пензииите, не можат да ја надополнат изгубената куповна моќ на граѓаните.

– Апел ќе биде и понатаму да се покачуваат платите за да се задржи куповната моќ. Ако сме купиме нешто за 1,000 денари лани, сега ќе ни требаат 1,400 денари. Цените во малопродажба се многу покачени. Некои над 50%. Тие цени не соодејствуваат со намалените цени, додава Пешевски.

Според статистиката, за една година најмногу поскапела храната. Лебот и житата се продаваат по згполемена цена за 35%. Месото, скоро 30, маслата и мастите 34, шеќерот – 17, овошјето и зеленчукот 8,5, однсно 7 отсто. Над 36% поскапеле и цврстите горива, гасот и топлинската енергија, скоро 18%.