Гминазијалците Теофилија Стоилковска, Марко Дураков и Мартин Стеванов од скопската гимназија Јосип Броз Тито измислија филтер за оџаци на куќите кој ги задржува штетните ПМ-10 честички и не дозволува да излегуваат во околината.
На тоа, како што велат, ги поттикнало користењето на дрва и слично за загревање во домаќинствата во грејната сезона, а тоа е еден од големите загадувачи на воздухот.
Иноваторите од скопската гимназија денеска имаа средба со министерот за животна средина Насер Нуредини, пред кого со директорката на гимназијата, Силвана Кржовска, го презентираа проектот и функционирањето на уредот.
– Ние младите сакаме да ја направиме промената на јавната свест во општеството, порачаа гимназијалците.