Актеркава (Сара Џесика-Паркер) изгуби почит од мене со самото тоа што промени од Македонија до Северна, објави на Фејсбук лидерот на македонската дијаспора во Северна Америка, Мето Колоски.

– Но, убаво е што даде коментар дека недоволно ја познава ситуацијата и не сака да се меша во политика. Само едно знам имаме голема борба пред нас, напиша Колоски на Фејсбук.

Инаку претходно беше објавено дека познатата американска актерка, откако го пофали филмот „Медена земја“ и го стави во фаворитите за Оскар, на нејзиниот профил имаше бројни коментари. Но, поради расправии за името на земјата (Македонија), Џесика-Паркер ги блокира коментарите на постот за „Медена земја“.