Институтот ИФИМЕС од Словенија, за кој неодамна објавивме дека на Катица Јанева и додели признание за „најдобра обвинителка на Балканот“ (како тоа некој си Институт тоа го оценил?), и кој беше сериозно ангажиран во инсталирањето на Зоран Заев на власт со цел менување на името на РМ, сега е ангажиран како „надворешен соработник“ на Заев.

Институтот ИФИМЕС е под број 4, а под број 2 и 3 се неговите директори

Истовремено, како соработници се ангажирани и двајца директори на Институтот: Зијад Беќировиќ и Алјаф Бакхтјар. Првиот се претставува како економист, магистер по комуникологија, амбасадор на знаење (што и да значи тоа) и стручњак за ислам, еврејство и интеркултурна комуникација. Вториот пак, освен што е новинар, се претставува и како амбасадор на знаење.

Алјаф Бакхтјар

Очигледно е дека со ова Заев им се оддолжува на Беќировиќ и Бакхтјар за услугите што му ги правеа и му се оддолжува и на самиот Институт чиј почесен претседател е Стипе Месиќ, поранешниот хрватски претседател кој беше вклучен во кампањата на Стево Пендаровски и промовирањето на Северна Македонија.

Проблемот е што Заев тоа го прави со наши пари, а колку тоа ќе не чини, засега не е објавено.