Интер сака да го продолжи договорот со напаѓачот Лаутаро Мартинез и клубот веќе одржа прелиминарни преговори со агентот на 22-годишниот Аргентинец, пренесува „газета дело спорт“.
Миланскиот клуб ќе му понуди на Мартинез договор на пет години. Неговата плата ќе биде 2,7 милиони евра по сезона.
Минатата сезона Мартинез одигра 35 натпревари, на кои постигна девет голови и две асистенции