Интер Мајами не стигна ниту до плејофот во последната МЛС сезона, но доаѓањето на Лионел Меси дефинитивно го прави најатрактивен клуб во Северна Америка меѓу фудбалските фанови.
Во пресрет на новата сезона која носи и поголеми амбиции, Интер Мајами го потврди Меси ефектот и со информацијата дека експресно се распродадени сезонските билети предвидени за сезоната во 2024 година.
Одреден број навивачи ќе се надеваат дека ќе можат да дојдат до обичните билети наменети за секој натпревар од сезоната, но и за нив интересот сигурно ќе биде преголем.
Информацијата за распродажбата доаѓа и покрај фактот што Интер Мајами претходно објави дека цената на сезонските билети за новата сезона ќе биде речиси двојно поголема, што донесе и негативни коментари меѓу дел од фановите.
Најевтиниот сезонски билет за натпреварите на МЛС клубот се продал по цена од 884 долари.