Најдобриот македонски атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски, го собори македонскиот рекорд во маратон и тоа за речиси седум минути.

Ивановски маратонската трка во Валенсија (Шпанија) ја истрача во време од 2 часа 11 минути и 53 секунди, и освен што е нов македонски рекорд, претствавува и одличен резултат во светски рамки.

Досегашниот македонски рекорд кој исто така беше во негова сопственост, извесуваше 2 часа 18 минути и 12 секунди.