Интерпол издал по барање на Турција потерници за апсење на 20 саудиски граѓани осомничени за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги.
Според весникот Дејли сабах, осомничените се членови на тимот за егзекуции што се вратил во Саудиска Арабија по убиството на Кашоги во саудискиот Конзулат во Истанбул на 2 октомври 2018 година.
Издавањето „црвена потерница“ на Интерпол значи дека осомничените ќе бидат барани за апсење во целиот свет.