Ова е поголемиот дел од интервјуто на нашиот академик Митко Маџунков за хрватски EXPRESS што веројатно еедна од ретките прилики хрватската јавност да се запознае со неискривена презентација на состојбата во Македонија:

Едно од најистакнатите регионални литературни имиња кои оваа есен доаѓаат во Загреб н Фестивалот на светска книжевност на издавачот Фрактура е и Митко Маџунков (1943), жив класик на македонската литература, чиј роман „Време на ирвасите“ (2003) се смета за пресвртница која отвори нови хоризонти на македоннската проза. Денес, исклучително ценет автор на низа романи, раскази, драми и есеи, и добитник на неколку престижни награди за литература во Македонија и Србија, Маџунков, пробивот на литературната сцена го направи во Белград на почетокот на 1970-тите, за да се врати во татковината дури во 2006 година, каде веднаш е примен во МАНУ, етаблирајќи се како политички ангажиран интелектуалец чиј глас се слуша.

Писател на епски, често меѓусебно испреплетени романи, во кои вградува автобиографски елементи, Маџунков гради комплексни прозни лавиринти полни со необјасниви настани и ликови, закотвени меѓутоа во познатите временски, општествени, економски, референцијални рамки.

Неговиот роман „Време на ирвасите“, кој како дело – парадигма го има Дон Кихот на Сервантес, ја позајмува од него не само епизодната структура, туку и мотивот на истрага, во неговиот случај како метафора на изгубените низ времето донкихотовски вредности, штотуку го најде патот до хрватските читатели. Во очи на неговото гостување во Загреб, зборуваме меѓудругото и за неговото творештво, за Белград од осумдсетите години и за актуелните политички превирања во Македонија.

EXPRESS: Едно од средишните прашања на „Време на ирваси“ е – што е книжевноста и каков е нејзиниот однос кон стварноста и кој е воопшто односот на вистината и стварноста. До кои одговори дојдовте?

-Односот на стварноста и вистината не произлегува толку од односот кон стварноста, туку упатува на можно креирање на една друга стварност. Главнот јунак на романот Кирил, поаѓа од една мисла на Тин Ујевиќ за Дон Кихот, за која во делото се вели дека е една од најважните мисли не само во таа книга, туку и во книжевноста воопшто, а тоа е „борбата на стварноста за остварување, за реалност и за вистина“. Што тоа значи за Дон Кихот како книжевен лик? Ако тој е луд, тој постои, но не е книжевно вистинит, уверлив. Ако е паметен, тој е вистинит, ама не е стварен. За да биде книжевно прифатлив, треба да биде поставен мошне широко, истовремено и како паметен и како луд, за да може секој од делото да зема што му треба и колку му треба, вели Маџунков во интервјуто.

На прашањето зошто пред 10-тина години се вратил во Македонија, каде долго бил потценуван, од Србија каде веќе бил етаблиран на книжевната сцена и за тоа длаи повеќе се чувствува како српски или македонски писател, односно каде е родното место на неговата книжевност, Маџунков одговара:

-Се вратив кога помислив дека сум му потребен на мојот народ. Но, јас многу пред тоа се исклучив од белградскиот книжевен живот и од пријателите. Ако ме прашате зошто, не би можел да ви одговорам, зашто во Србија не доживеав ништо лошо. Напротив. Српскиот, тогаш српско-хрватскиот јазик, тогаш беше јазик на мојата култура во вистинска смисла на зборот. Во еден период на тој јазик пишував книги, иако веќе одамна не пишувам на српски. Тоа беше мој семеен јазик. Но, никогаш не се чувствував за српски писател – бев премногу Македонец за тоа да може да се промени. Не и припаѓав ни на мојата матична средина, ни на средината во која живеев. Тогаш, мошне рано сфатив дека јазиците не зближуваат, но и дека тие се средство за асимилација. Ако пишувате на друг јазик, не можете да спречите да ве сместат во нивниот табор, односно во нивната национална книжевност. Прифаќањето на туѓ, обично поразвиен јазик, обезбедува полесна афирмација. Мене ми беше јасно дека враќањето во матичната средина за мене е книжевно самоубиство – па сепак, ако јазикот е инструмент за пишување, ако мајчиниот јазик  е поважен од се друго, како може писател кој се одрекол од автентичнота во една автентична работа, да стекне самопочитување? Дури и кога избраниот животен пат води кон неминовен пораз, подобро е човек да избере и пораз, отколку да се откаже од автентичноста. Така и јас, повеќе со срце отколку со размислување, решив да се вратам во својата таковина, на својот јазик, не знаејќи дека тој бргу ќе се најде во смртна опасност во каква што се наоѓа сега.

EXPRESS: На што точно мислите?

-Кога беше објавена Албанската платформа, која беше вовед во ова што сега се случува, јас прв реагирав, но МАНУ немаше слух за историскиот момент, макар само да ја потврди сопствената декларација од 2010 година, според која предмет на разговорите за името може да биде само името и ништо друго. Сегашниот „договор“ е безусловна и непоправлива капитулација. На наша срамота, ние Македонците мораме да се запрашаме дали воопшто заслужуваме држава, дали сме достојни за тоа, знаеме ли што таа значи? Тоа е веројатно единствен случај во светската историја дека некој се одрекува од своето име, своето право на постоење, својата историја, својот народ во дијаспората. Од држава со ограничен суверенитет, со тој срамен договор, комплементарен со Албанската платформа и во блиска врска со договорот за „добрососедство“ со Бугарија, Македонија стана држава без суверенитет која ќе пресуши во наредните 10 или 20 години и ќе биде поделена меѓу Бугарија и Албанија или меѓу Србија и Грција. Јазикот беше прв на удар, а и последниот удар ќе биде врз него. Тој сега наводно е признаен за нашите лингвисти да имаат што да зборуваат на своите симпозиуми.

Но само што ќе помине оваа бура, ќе биде изваден од фиока законот за двојазичност. Тоа во Македонија ќе ги врати старите пропаганди кога цели градови и села биле принудувани да зборуваат на јазик за кој дотогаш воопшто не чуле. За мене сегашното однесување на Албанците е изненадување. На дело е лингвистички империјализам кога туѓи територии беа освојувани или осигурувани за себе преку ширење на својот јазик. Македонија не може да ја преживее двојазичноста зашто вториот официјален јазик во меѓународната комуникација ќе стане прв, а првиот ќе биде збришан. Еден стар, канонски јазик, четврти јазик на кој било дозволено ширењето на христијанството, ќе биде закопан покрај бугарскиот, но во грчка градина. Во еден свој тестаментален текст Блаже Коневски пред смртта напиша дека кога „балканските циници, инспиратори на геноцидот“, ќе успеат да го уништат македонскиот јазик, ќе знаат дека направиле нешто големо. Јас тогаш му реков дека тоа ќе биде слаба утеха за нас.

EXPRESS: Според некои проценки, Албанците се четвртина од населението на Македонија. Моментално учествуваат во Владата на Зоран Заев, но се чини дека албанските сепаратистички тенденции не се исчезнати. Колку денес Македонија е стабилна држава, имајќи го предвид сето ова.

-Пописот не беше завршен за да не се открие фактичката состојба дека во Македонија има помалку Албанци отколку што се мисли, а ќе се одржи тогаш кога ќе има условои да се изброи дека има двојно повеќе Албанци. Повеќето од нас, кои себе се сметавме за демократи, на почетокот на војната во Југославија застанавме на страната на Албанците сметајќи дека се обесправени, што во голема мерка беше и точно, но тие го злоупотребија тоа за внатрешна хомогенизација, на штета на државите во кои живееја. Во тој поглед тие се уште не излегле од социјалистичкиот атар. Републички и покраински клуч, братство и пропорциопналност, урамниловка, вработување по национален клуч (постои ли тоа било каде во светот) и слични бедотии, уште се нивни идеи водилки. Уште Малро во едно дамнешно интервју има кажано дека единствена отворена граница е таа меѓу Албанија и Југославија. Со т.н. Албанска платформа реактуелизирани се прашањата од Призренската лига и отворен е патот за обединување на сите Албанци. Не знам колку е хрватската јавност запознаена со случувањата околу Македонската енциклопедија која е повлечена од продажба и фактички забранета. Првата и единствена Македонска енциклопедија беше повлечена заради забелешки на Албанците и меѓународната заедница за пропусти кои навистина беа минорни. Се зборува за диктатура на југословенскиот режим, но овој наш сељачки тоталитаризам навистина е недостижен. Албанскот сепаратизам ќе јакне сеповеќе и и нестабилноста ќе станува се поголема, како ќе јакне поддршката што ја добиваат, освен доколку албанскиот народ во Македонија не се освести и не види во каква бездна итаат заедно со нас. Но, засега нема такви знаци. Сите Албанци се против името на државата во која се живее, зашто нивното име не се чепка.

EXPRESS: Еднаш рековте дека книжевното мајсторство не служи за ништо ако не може да ги формулира главните прашања и на нив да даде одговор. Кои се главните прашања на современа Македонија на кои сметате дека нужно мора да се даде одогвор и каква иднина и се заканува ако не го стори тоа?

-Државата е нападната и загрозена и треба да биде бранета. Вие минавте низ тоа, но нашата ситуација е поинаква. Отпорот кој се формира во Македонија мора да биде мирољубив. За тоа ни е потребна поддршка од пријателите, пред се од истакнати интелктуалци од целиот свет – една таква петиција штотуку беше потпишана – од Европа, од државите од бивша Југослвија, но и од сите соседи, вклучувајќи ги и Бугарија и Грција. Досегашните реакции покажуваат дека, сепак, секој плаче на својот гроб и дека за мнозина Македонија е далечна и непозната, а можеби и малку важна. Забелешките во стилот „не ви е лошо новото име“ се доволно иронични. Но не треба да се мисли само на Македонија. На испит се основните човечки вредности. Во прашањ е геноцид, културен геноцид. Во романот које  прв добитник на наградат Booker (Persy Xoward Newbt “Something to answer for”), еден унгарски Евrеин ,mу вели на Англичанец  дека тој и неговите сонародници се изложувале на смртна опаност во 1942 година слушајќи Би-Би- Си во Будимпешта барајќи спас и го прашува: зошто вашата влада не не прдупреди да не се качуваме во тие возови на смртта, кога веќе знаела за нив? Зад тоа мрачно прашање стои уверувањето дека покрај Хитлер, и некои други народи сакале да се ослободат од Евреите, вклучувајќи ги и Англичаните.  Неговите зборови: „Сакате ли тоа да ви го заборавиме, актуелни се и денес“.

Геноцидни дјествија не вршат само фашистички и сталинистички влади, туку ги вршат и нормални демократски влади. Во овој момент и Македонците можат да прашаат: Зошто не ставате во тие вагони зар сакате да премолчиме и да ве оставиме да спиете мирно. Хрватска се избори, како сиот нормален свет за своја држава и за свој јазик, а Македонија ги изгуби на зелена маса менувајќи го Уставот прво по волјата на Албанците, а сега по волјата на Грците. Грчкиот парламент дополнително треба да одлучи дали договорот со кој сето тоа ни се одзема е доволен или им е малку. Ако е на сила законот на посилниот, ако е во прашање окупација, зошто тоа не се каже отворено? Не се кажува зашто е нелегално, зашто нема правна основа, зашто е многу позгодно во таков момент жртвата сама на себе да си го стави јажето околу вратот.

EXPRESS: Дали актуелното неокласистичко силување на Скопје кое целосно го измени ликот на градот, помогна, како што беше замислено, да се засили македонскиот национален и културен идентитет? Како тоа се вклопува во неодамна постигнатиот договор со Грција?

-За неокласистичкиот изглед на Скопје напишав една кратка приказна „Предел од соништата“ и тука е кажано се. Но на шарените рушители не можеше да им се угоди зашто нивната цел не беше да спречат, туку да воспостават естетски и секој друг хаос. Една од грешките на секое ново устројство е да отфрли се, па и тоа што е добро, ако било претходно направено. Истото важи и з проектите. Што се однеусва до договорот, станува збор за ултиматум сличен на аншлусот, составен од луѓе кои ниту знаат што  е Македонија, ниту им е гајле за неа. Неодамна, Франсис Бојл, стручњак за меѓународна политика и професор на Правниот факултет во Илиноис, отворено изјави дека дури и професионален стручњак, тешко може да распознае какви се последици можат да произлезат за Македонија од тој договор скициран на 20 странички во американскиот Стејт департмент, па чесно признава дека „Американците никогаш не ги интересирало што пишува во нечиј устав кога сакаат некого да натераат да проголта некаков договор“. Со тој договор целосно се брише македонскиот идентитет зашто во него се споменува само националнста по западен клуч во смисла на државјанство. За етносот нема ни збор. Припадниците на другите националности кои живеат во Македонија  го сочувуваат својот идентитет, кој би бил одземен само на Македонците кои ќе бидат вчера измислен, а денес погребан народ.

EXPRESS: Како македонската јавност гледа на неодамнешната покаана за членство во НАТО? Аналитичарите гледаат на Македонија како на клучна невралгична точка на Балканот која Америка ја користи за да продре во срцето на полуостровот?

-Македонија доби покана уште во Букурешт во времето на Буш со цврсто уверување дека ќе биде примена кога ќе се реши спорот со името, но после потпишувањето тоа сепак не се случи. Според мене, Македонија и припаѓа на Европа, но НАТО е една анахрона појава која не му треба на никого, а најмалку на Макеоднија. Сега се подготвуваат полигони и се преместува оружје, за Македонија, како во времето на Првата светска војна, да се најде во средината на крвавите збиднувања , кога на народот му е скршена кичмата, а сега ќе му биде извадена и утробата. Балкан се плашеше од голема Србија, а ја доби голема Албанија. Запад верува дека така, кога ќе се здружат послушниот и покорениот, ќе го контролира целиот континент. Креаторите на таа театарска инсценација веруваат дека зајакнувајќи ги послушните Албанци, ќе ги примират останатите. Меѓутоа, македонскот прашање е бинго за почеток на Третата светска војна. Третина од Македонија по делбата на пленот во 1913 и припадна на Србија, а тоа е сегашна Македонија. А сега токму за тој дел од колачот се тепаат Бугарите, Албанците и Грците, но и Американците со надзор на ЕУ. Што ќе биде ако се замеша и Србија, азад неа застане Русија? Тоа значи дека првите атомски бомби ќе паднат на Бондстил и на скопското Кале. Светот секогаш бил безумен и секогаш го воделе мангупи. Но секој разумен човек мора да сфати дека македонското прашење се однесува и на него. Ако не се зачува Македомнија како физичка и духовна целина, ќе биде невозможно да се зачуува мирот. Истите нешта кои ја држат вселената ги одржуваат и луѓето и народите заедно, но, додека вселената нема потреба да ги знае физичките закони кои ја чинат вселена, луѓето и народите мора да знаат што е тоа што ги прави луѓе и народи. Не е доволно да постоиш, важна е и свеста за значењето на твоето постоење. Тоа е клучен момент. На македонскиот народ му е подметнато кукавичко јајце дека средиштето е некаде на друго место и дека опстанокот му зависи од другите, а не од тоа дали постои како се вика. Една од најголемите навреди кај нас е да му кажеш некому дека не знае како се вика. Подобро кажи му дека е будала. Прашање е како на ова ќе одговори народот. Власта однапред одлучи дека ќе ги фалсификува или ќе ги занемари резултатите од референдумот и ќе донесе наполно против уставна одлука во Собранието, зашто референдумот веројатно нема да успее, бидјеќи мнозинството е за бојкот. Потоа ќе следи самовластие и долгогодишен отпор. Во меѓувреме земјата можеби ќе се испразни од луѓе што е и целта. Зашто зад секоја политика стои капитал, а каде е капиталот, тука е и мафијата. Едвај може да се пресмета што се можже да се заграби од Македонија.

EXPRESS: Меѓу темите со кои ќе се занимаваат гостите на Фестивалот на светска книжевност 2018, е и прашањето на сатира-слобода-цензура. Кога се во прашање границите на слободата, во книжевноста и животот, каква е ситуацијата во денешна Македонија? Бивша Југославија беше општествео поопуштена од другите социјалистички земји. Колку тоа наследство, но и цензурата од комунизмот, се присутни во современото опшество?

-Слободата апсолутно е најбитниот услов за творештво. А и за менталното здравје на една нација. Во Македонија има многу такви кои се почешаа од литературата и културата, а влијаат на или дури го создаваат јавноот мислење, како кога, на пример, еден познат новинар по потпишување на договорот со Грција напиша дека Грците си го добија своето минато, заборавајќи дека Македонците го изгубија минатото и иднината. Во Македонија постои страховлада, луѓето до смрт се преплашени, па не смеат да писнат, многумина не смеат ни да се поздрават со мене, се создава полициска држава со вградена цензура и меѓународни дисциплински комисии. Впрочем, како што кажав, цензурата кај нас веќе е воведена – со повлекувањето на Македонската енциклопедија. Неодамна не е прифатен еден мој есеј за актуелната ситуција за часописот Макускрипт на одделот за уметност на Академијата чиј сум извршен уредник, со забелешка да не правиме проблем како со Македонската енциклопедија. Ниту еден од колегите не се огради од таа одлука. Ако е така во МАНУ, како е на другите места? Со сегашниот договор со Грција и претходниот со Бугарија воведена е општа цензура незапомнена во историјата на човештвото. Македонија ќе биде протекторат, а разни емисари ќе доаѓаат да ни ги прегледуваат учебниците и да ни држат лекции Тоа е исто како да пуштите некој да ви ровари по главата. Нашите книги – колку што може да се разбере – во поголема мерка се наменети за в оган… Кога ме примаа во МАНУ во својот инагуруален говор, меѓудругото го кажав и ова: Ако не изнесат во ковчег од Југославија, знаеме каде ќе не закопаат, но ако не изнесат во ковчег од Македонија, каде ќе ни биде гробот?