Криминалот и корупцијата се најголем проблем со кој се соочува Македонија сметаат анкетираните граѓани од мерењето на јавното мислење кое го спроведе Институтот за Политички истражувања Скопје, а која се презентираше вчера во емисијата Објектив на МТВ.
Граѓаните од изборната единица 2 на прашањето „Кој според вас е најголем проблем со кој се соочува Македонија, односно кој мора под итно да се реши“, дури 41.6 проценти од испитаниците одговориле дека тоа е криминалот и корупцијата, 19.4 проценти сметаат дека тоа е економијата и животниот стандард, 6.4 проценти сметаат дека тоа е невработеноста.
Потоа 6.3 проценти од анкетираните граѓани сметаат дека најголем проблем со кој се соочува државата е квалитетот на образованието, 5.8 проценти одговориле дека тоа се високите цени, а само 4.8 проценти од испитаниците рекле дека проблем кој треба под итно да се реши се поврзани со локални прашања, евроатланските интеграции и односите со соседите се под 1 процент.И граѓаните во шестата изборна единица сметаат дека најголем проблем е криминалот и корупцијата.
Имено, на истото прашање кој е најголем проблем со кој се соочува Македонија, 33.1 процент одговориле дека тоа е криминалот и корупција, 19.7 проценти одговориле дека тоа е економијата и животниот стандард.
Како трет најголем проблем со кој се соочува државата е невработеноста, потоа со 8.8 проценти тоа се високите цени, 4 проценти локалните прашања 3.8 проценти рекле дека тоа е квалитетот на образованието, додека најмал проблем или нешто повеќе од 1 процент гледаат во евроатланските интеграции и односите со соседите.
Анкетата на ИПИС е спроведена телефонски во изборната единица 2 на 1002 испитаници односно 1001 испитаник во изборната единица 6 со забележана грешка од плус минус 3 проценти.