Данската полиција заплени луксузен спортски автомобил „Ламборџини хуракан“, поради брзо возење, само неколку часа откако неговиот сопственик го купил возилото.
Маж, инаку ирачки државјанин кој живее во Норвешка, го купил „Ламборгинито“ во Германија за околу 270.000 евра. Бил фатен како вози 236 километри на час додека се враќал во Норвешка, на дел од автопатот каде што ограничувањето на брзината е 130 километри на час. Според данските закони, полицијата има право да го заплени возилото на несовесен возач и да го понуди на аукција, а парите одат во данскиот буџет.
Полицаецот кој го запрел возилото, рекол дека сопственикот бил „малку нервозен“ кога неговиот автомобил бил запленет. Ирачанецот ќе биде и парично казнет за брзо возење.