Ирачките пратеници ја искористија ненајавената посета на претседателот на САД, Доналд Трамп на Ирак, за да побараат заминување на американските војници од земјата.
Пратениците и од власта и од опозицијата побараа да се гласа во Парламентот за протерување на војската на САД од Ирак.
Околу 5.000 американски војници се стационирани во Ирак, тие се дел од коалицијата која се бори против Исламска држава.
Трамп вчера ненајавено ја посети американската база во Ирак, каде се сретна со американските војници, но не оствари средба со ниту еден ирачки владин претставник.