Ирански суд го осуди Хосеин Ферејодун, брат на претседателот на земјата Хасан Рохани, на пет години затвор поради корупција.
Во мај, Ферејодун беше осуден на неопределена затворска казна во случај на корупција, за што поддржувачите на претседателот, оценија дека е политички мотивиран.
Портпаролот на судството, Голамхосеин Есмаили изјави дека е можно братот на претседателот да се соочи со обвиненија во друг случај, но не соопшти повеќе детали.