Едно лице загина за време на протестите против зголемувањето на цената на горивата во Иран, соопштија денеска локалните медиуми.
– Едно лице за жал беше убиено, рече окружниот гувернер, но не ја наведе причината за смртта.
Тој исто така рече дека неколку цивили се повредени, тврдејќи дека „безбедносните сили не биле овластени да пукаат (кон демонстрантите), туку само да пукаат (во воздух) како предупредување (…) што го направија“.
Според гувернерот, одредени лица го искористиле „мирниот собир за уништување јавни добра, да предизвикаат оштетување на бензинските пумпи и да се обидат да дојдат до складиштата за гориво и да ги запалат“. Тоа било спречена со помош на полицијата, Револуционерната гарда и припадниците на исламистичката паравоена формација на Басиџ.
Иранската влада вчера најави зголемување на цената на горивото од најмалку 50 проценти. Горивото досега чини 10.000 риали, или помалку од осум центи за евро.
Протести се одржаа во неколку ирански градови.