Најмалку 35 лица загина денеска и 50 се повредени во метеж на погребната поворка во Керман, родниот град на иранскиот генерал Касим Сулејмани убиен во американски напад во Ирак, јави Иранската телевизија.

Медиумот нагласува дека илјадници луѓе се собрани на улиците во тој град. Многумина се облечени во црно во знак на жалост за убиени генерал.