Британската агенција Ројтерс објави дека се неточни тврдењата дека иранскиот претседател Хасан Рохани ја одбил оставката на шефот на дипломатијата, Мохамад Џавид Зариф.
Ројтерс претходно пресене дека Рохани на Инстаграм објавил фотографија со Зариф, покрај која напишал дека „Зариф не е сам“ и „Зариф останува“, наведувајќи дека таа објава покажува оти Рохани ја одбил оставката на Зариф.
Но, како што појаснува британската агенција, тоа не е официјален налог на иранскиот претседател на Инстаграм, туку налог кој го водат приврзаници на Рохани.
– Веста дека иранскиот претседател Рохани ја одбил оставката на министерот за надворешни работи е неточни и е повлечена, објави Ројтерс.
Претходно портпаролот на Министерството за надворешни работи, Бахрам Касеми изјави дека Рохани не ја прифатил оставката на Зариф.
– Сите интерпретации и анализи за причините за оставката на Зариф, освен тоа што тој објавил на својот налог на Инстаграм, не се точни и, како што денеска рече шефот на персоналот на претседателот на Иран, оставката не е прифатена, рекол Касеми, а пренесува Ројтерс, повикувајќи се на иранската агенција Фарс.
Иранската агенција Ирна претходно јави дека шефот на кабинетот на претседателот, Махмуд Ваези рекол дека Рохани го поддржува Зариф, кој во неделата поднесе оставка.