Неименувани претставници на иранските власти изјавија дека биле предупредени за американскиот напад. Тие тврдат дека американскиот претседател Доналд Трамп преку Оман ги предупредил иранските власти за претстојниот напад.
– Трамп во својата порака рече дека е против војна со Иран и оти сака да разговара со Техеран за различни прашања… даде краток временски период за наш одговор, но непосредниот одговор од Иран беше дека Врховниот лидер (Ајатолахот Али) Хамнеи треба да одлучи за ова прашање. Објаснивме дека лидерот е против какви било разговори, но ја проследивме пораката до него за да донесе одлука… Сепак на претставникот од Оман му кажавме дека каков било напад врз Иран ќе има регионални и меѓународни последици, тврди неименуван ирански претставник.
Тврдењата на иранските власти уследија откако „Њујорк тајмс“ објави дека Трамп утрово одобрил воени напади врз Иран во знак на одмазда за соборувањето на беспилотното летало вредно 130 милиони долари, но ја анулирал наредбата додека авионите биле во воздух.
Трамп нареди напад врз Иран, ги подигна авионите, но се откажа во последен час, објави „Њујорк Тајмс“.