Иранските здравствени власти денеска соопштија дека девет болници во земјата ќе престанат со работа поради воздушните напади на САД и Израел.

Од почетокот на тековната војна оштетени се и 18 одделенија за итни случаи, 25 здравствени центри, а уништени се 14 амбулантни возила, изјави членот на здравствената комисија, пратеникот Мохамад Џамалијан.

Тој истакна дека Иран има стратешките резерви на лекови за шест месеци, а веќе е регистриран недостиг од некои лекови.

Џамалијан наведе дека се суспендирани сите несуштинските процедури, а фокусот е на лекување на повредените во војната и итните случаи.

Според него во болниците сега се лекуваат 1.400 повредени лица.

фото: Архива