Иран го продаде танкерот што беше запленет во Гибралтар, а неговите нови сопственици ќе одлучат за следната дестинација, изјави портпаролот на иранската Влада.
Тој не наведе на кого ќе му припадне нафтата од танкерот.
Откако танкерот „Адријан Дарја“ беше ослободен на 18 август, САД соопштија дека ќе ги преземат сите мерки да го спречат танкерот да достави нафта на Сирија,
Претходно, Агенциите за евидентирање на пловидбата соопштија дека иранскиот танкер кој беше во центарот на судир помеѓу Вашингтони Техеран не е повеќе на пат кон Турција и оти неговата локација во моментот е јужно од грчкото копно, а западно од островот Крит.