Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во западен Иран, во близина на границата со Ирак.
Како што соопшти иранскиот Сеизмолошки центар, потресот бил на длабочина од 10 километри со епицентар во близина на градот Сумар во провинцијата Керманшах, на 690 километри југозападно од Техеран.
Засега нема информации за жртви и предизвикани штети од земјотресот во оваа слабо населена област.
По првиот потрес, во истиот регион биле регистрирани уште два потреси со јачина од 4,9 и 4,4 степени според Рихтер.