Со 65 отсто гласови „за“, Ирците се изјаснија за бришење на богохулството од Уставот, според конечните резултати од референдумот од петокот, јавија денеска медиумите во Ирска.
Со изгласувањето легализација на абортусот во мај и хомосексуалните бракови од 2015 година, овој референдум значи ново оддалечување на државата од нејзинара католична традиција.
Сепак, богохулството што се сметаше за затарено, никогаш не е применето во новата историја.
Последен пат некој бил гонет во Ирска за богохулство во 1885 година пред независноста. Се работи за свештеник кој рекол дека по грешка ја запалил Библијата и кој на крајот бил ослободен од обвиненија.
Излeзноста беше 44 отсто и тоа е голем контраст во однос на славењето кога беше изгласано укинување забраната за абортус на референдумот кога излезноста беше 64 отсто.
Референдумот за богохулство беше одржан во истиот ден кога и изборите за нов претседател на Ирска чиј 7-годишен мандат во основа е почесен.