Актерката Ирена Ристиќ, еден од огнените носители на шарената револуција, синоќа била приведена во полициската станица Беко, поради реметење на јавен ред и мир. Настанот се случил додека Ристиќ со група волонтери ги чистела отпушоци пред Владата, пишува Република.
-Македонија на гола кожа. Полициска Беко. Психијатриска болница Бардовци. И јас ! Победив. Се налутија што собирам пикавци пред Влада. Да не бевте емотивно врзани, пе ве изреметив? Знаете кога ќе попуштам под притисок? Никогаш! Фино сте ме процениле. Едвај ги убедив дека имам право на адвокат“, напиша актерката на својот Фејсбук профил откако е пуштена дома.