Иран е подготвен да го заштити Гренланд од американскиот претседател Доналд Трамп, „ вие само замолете… ќе дојдеме“, гласи ироничниот предлог од Техеран.

– Трамп прво ѝ се закани на ЕУ, а потоа ги замоли. Денес рече дека ако не дојдете, ние ќе дојдеме и ќе го земеме Гренланд. Сакам да ѝ кажам на ЕУ, ако не можете да го задржите вашиот Гренланд, само побарајте нè, ​​ние ќе дојдеме да го заштитиме, гласи изјава на портпарол во Иран.

Коментарите на Иран, како што пренесе Експрес, доаѓаат во време на разгорената војна во Западна Азија. Иран е нападнат од Израел и САД и одговори со контранапади од 28 февруари. Техеран, исто така, презеде мерки за затворање на Ормускиот Теснец како одмазда. А Трамп ги повика сојузниците на НАТО и ЕУ да им помогнат на САД да го обезбедат клучниот нафтен пат.

Фото: Архива