Бостон го победи Торонто со 123:116 во натпревар од НБА, откако Кајри Ирвинг забележа личен рекорд сезонава со 43 поени. Тој постигна 17 поени во последните осум минути на последната четвртина со што натпреварот отиде во продолжение, во кое Ирвинг имаше асистенција на секој кош или го постигна сам.
Каваи Леонард постигна 31 поени и забележа личен рекорд сезонава со 15 освоени скокови за Торонто, кој загуби три натпревари по ред по одличниот старт со 12 победи во 13 дуели.
Резултати од НБА:
Бостон – Торонто 123:116 по продолжение
Индијана – Мајами 99:91
Филаделфија – Јута 113:107
Вашингтон – Бруклин 104:115
Мемфис – Сакраменто112:104
Минесота – Портланд 112:96
Њу Орлеанс – Њујорк 129:124
Милвоки – Чикаго 123:104.