Скопската полиција трага по познатиот македонски бизнисмен Штерјо Наков, дознава НетПрес од извори од Министерстово за внатрешни работи.
Според првичните неофицијални информaции, сопственикот на „Фершпед“, исчезнал пред неколку часа, а исчезнувањето го пријавило неговото семејство.
Неофицијални информации велат и дека последниов период Наков бил со нарушено здравје.
Инаку, пред девет години Штерјо Наков се повлече од позицијата генерален менаџер на „Фершпед“ по 20 години на чело на најголемата шпедитерска компанија во земјата, чија приватизација беше изведена во 1990-те години.