Втор ден нема ниту трага ниту глас од Милица Гелова, (69) од Македонија која била во Грција.

Таа како што информираше нејзина роднина за Фактор, на 09.08. тргнала со автобус од Агростоли до Фискардо, каде требала во 10 часот да пристигне и да се качи на брод во 11.30 часот за да стаса во Василики на Лефкада. Таму ја чекале други луѓе со кои требала да патува кон Македонија.

Милица не пристигнала ниту со бродот во 13 часот ниту со следниот во 15.15 часот. Оттогаш и се губи секаква трага. Имала мобилен телефон со неа, но интернет досега не и бил вклучен.

Семејството на фејсбук групите посветени за Грција, бара помош од сите кои во моментов се во Грција.