Предлог-законот за јавно обвинителство што беше доставен во Собранието бил повлечен, но потоа повторно е пратен во собраниска процедура. Од Министерството за правда за МИА информираат дека законот бил повлечен заради техничко усогласување во две одредби.
Собраниската седница на која треба да се утврди потребата од донесување на законот по скратена постапка се уште не е почната, а беше закажана за 17 часот. Од Кабинетот на претседателот на Собранието информираат дека седницата ќе се одржи.