Илјадници луѓе се подготвени во Велика Британија за новиот експеримент – откажување од алкохол еден месец – во рамки на акцијата Go Sober for October (Биди трезен во октомври) чија цел е да се соберат пари за лекување малигни болести.
Освен собирање пари за добротворни цели, организаторите велат дека учесниците може да имаат и друга корист – подобар сон, помалку рчење и зголемена енергија.
Слични акции се одржуваат во јануари – Dry January – со цел да им се помогне на луѓето да се опорават од божиќното и новогодишното претерување во алкохолот. Се донеодамна се мислело дека умереното дека умереното пиење алкохол е безопасно, можеби и корисно, но најновите истражувања ја побиваат таа теорија.
Студија објавена во списанието The Lancet укажува дека не постои безбедна количина алкохол. Тим на емисијата Trist me, I’m a Doctor се здружи со научници од Лондон за да покажат предности од избегнување алкохол.
По нивните анализи со голем број луѓе може да се заклучи дека и краткорочен прекин на конзумирање алкохол има позитивно влијание врз здравјето и акциите како Сув Јануари или Биди трезен во октомври имаа целосна смисла.