Единаесет ирачки војници се убиени денеска во напад за кој се верува дека го извршиле милитантите на Исламската држава, источно од главниот град Багдад, соопштија безбедносни извори.

Како што пренесува ДПА, цел на нападот бил објект на ирачката армија во провинцијата Дијала, на околу 57 километри североисточно од Багдад.

Ирачки безбедносни извори навеедуваат дека напаѓачите побегнале по нападот, што бил изведен утринава.

Ирачката државна агенција ИНА јави дека воената команда во Дијала отворила истрага за, како што го нарече „терористички напад“.

Засега никој ја нема преземено одговорноста за смртоносниот напад.

Ирачката Влада прогласи воена победа против Исламска држава во декември 2017 година, три години откако исламистичката милиција зазеде големи делови во северниот дел на земјата. Меѓутоа, оперативци на Исламска држава и натаму извршуваат напади низ Ирак, пренесува ДПА.