Исланд стана првата земја во Европа што ги отстрани сите домашни мерки против пандемијата од коронавирусот.
Околу 60 проценти од жителите се целосно вакцинирани, а 87 проценти имаат примено барем една доза.
Од утре, Исланѓаните не се обврзани да запазуваат социјалната дистанца, се укинува барањето за носење маски и ограничувањата за собирање луѓе.
Рестораните повторно се полни со клиенти, огромни плазми собираат навивачи за натпреварите на ЕП 2020.
Покрај тоа, од 1 јули нема да бидат потребни тестови за странски туристи кои поседуваат потврда за вакцинација против коронавирусот или документ дека се опоравиле од болеста.