Турските изборни власти почнаа повторно да ги пребројуваат гласовите во повеќе избирачки места во Истанбул, по приговорите на Партијата на правдата и развојот (АКП) на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.
АКП ги оспорува резултатите од локалните избори во Истанбул одржани во неделата, на кои според првичните и неофицијални резултати, кандидат за градоначалник на опозициската Републиканска народна партија, Екрем Имамоглу освои околу 25.000 гласови повеќе од поранешниот премиер и кандидат на владејачката партија Бинали Јилдирим,
– Одлучено е да се пребројат гласовите во 39 окрузи во Истанбул, откако вчера беа поднесени преговори од владејачката АКП, изјави претседателот на Високата изборна комисија, Сади Ѓувен.
Ѓувен нагласи дека повеќето од преброените ливчиња биле класифицирани како неважечки по изборите во неделата.
Партијата на Ердоган освои најмногу гласови на ниво на цела Турција, но загуби во најголемите урбани и економски центри, меѓу кои и Анкара и Истанбул, кои беа под нејзина контрола во изминатите 25 години.
Имамоглу претходно денеска побара од Високата изборна комисија да го прогласи за победник на изборите за градоначалник на Истанбул