Брутално убиство ја шокира Италија. 27-годишен Мароканец убил млад Италијанец во Торино бидејќи му „изгледал среќен“, пренесе АНСА повикувајќи се на обвинителството.

Убиството на 34-годишниот Стефано Лео, се случило во февруари. Мароканецот вооружен со нож го нападнал и избодел неколку пати.

27-годишниот убиец Саид Мачауат го убил Стефано без никаква причина. Но, ова е само уште едно од убиствата за кои не се знаел убиецот и мотивот, се до моментот кога пред неколку дена, Саид се предал во полицијата и раскажал што се случило и зошто. Мотивот ја шокирал Италија.

Саид рекол дека едноставно сакал да убие некого бидејќи откако ја раскинал љубовната врска бил во депресија, а со оглед на тоа што Стефано му изгледал среќен, го одбрал него.

Убиството било извршено со кујнски нож.

Министерот за внатрешни работи Матео Салвини истакнал дека ќе стори се семејството на убиениот да добие правда.