Најмалку четворица војници загинаа кога во станбениот кварт Санџактепе во Истанбул се урна турски воен хеликоптер, јави Анадолија.

Во инцидентот е повреден еден војник.

Засега не е позната причината за уривањето на хеликоптерот.

На местото на инцидентот пристигнаа повеќе возила на полицијата и Брзата помош