Обвинителството за организиран криминал и корупција поднело барање за продолжување на притворот на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, потврдија за МИА од ЈОРСМ.
Триесетдневниот притвор на Јанева, која е осомничена за случајот „Рекет, и истекува в петок.
Нејзината адвокатка Ирена Фрчковска, пак, вчера до Судот поднесе барање за укинување на мерката притвор за поранешната специјална јавна обвинителка. Таа рече дека нема повеќе причина бившата специјална обвинителка да биде Шутка и таа треба да излезе на слобода. Дополнително беше објавено дека Јанева во Шутка се чувстува многу лошо и за нејзините потреби бил ангажиран веќе пензионираниот психијатар во затворот.
– Оптпаднати се основите за определување мерка притвор и целта може да се постигне и со друга мерка, не мора да се оди со најстрогата по закон. Сметаме дека основите се отпаднати со самото нејзино разрешување од СЈО и од ОЈО Гевгелија. Сето ова е наведено во предлогот и ќе видиме каква одлулка ќе донесе Судот, изјави Фрчковска за МИА.
Таа посочи дека бараат Јанева да се брани од слобода, за што предложиле и други мерки за обезбедување, како и гаранција во недвижен имот.
Сегашната мерка притвор на Катица Јанева и беше изречена по три основи – опасност од бегство, влијание врз сведоци и повторување на делото.