Најдобрата македонска судијка Ива Пројковска е првата жена која ќе ја дели правдата на еден натпревар од Првата македонска фудбалска лига.
Историскиот момент за македонскиот фудбал ќе се случи на 2 април во Тетово каде Шкендија ќе ја пречека Победа во 25.коло. Почетокот на натпреварот е закажан за 15 часот.
Помошници на Пројковска ќе бидат Дејан Костадинов и Гоце Петрески.
Најдобрата македонска фудбалска судијка се наоѓа во Топ 20 делителки на правдата во Европа. Таа неодамна судеше четвртфинален натпревар во женската Лига на шампионите (Баерн – Арсенал).
Потегот на Фудбалската федерација на Македонија да ја делегира Пројковска за главен судија на натпревар од ПМФЛ е за поздравување и влева надеж дека со ова се отвора патот и за други квалитетни македонски судијки да бидат дел од прволигашки натпревари во машка конкуренција.