Даночни инспектори денеска влегоа во канцелариите на италијанскиот фудбалски гигант Јувентус истражувајќи можни финансиски малверзации, јавија локалните медиуми.
– По наредба на Државното обвинителство во Торино, инспектори од Даночната управа вршат претрес во канцеларијата на фудбалскиот клуб Јувентус, соопшти Обвинителството.
Под истрага се клупските трансакции извршењни во периодот од 2019 до 2021 година, а станува збор за сума од околу 50 милиони евра.
За наводно лажирање трансакции, како и финансиски извештаи, осомничени се шестмина челни луѓе на клубот од Торино, меѓу кои претседателот Андреа Ањели и поранешната клупска легенда и чешки репрезентативец Павел Недвед.