Се проширува истрагата за Кочани. Според најновите информации опфатени се актуелен министер, директор и поранешни функционери и министри.

ОЈО ја проширува истрагата за Кочани, велат нашите извори. По наредба на надлежен обвинител, БЈБ на МВР ги обезбедува за истрагата актуелниот министер без ресор и поренешен директор на ДЗС, Шабан Салиу и актуелниот директор на ДЗС, Џеват Селами.

Опфатени во истрагата се и поранешните министри за економија уште од минатата влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ  – Беким Незири, Дритон Кучи и Ваљон Сарачини.

Вклучени во истрагата се и поранешниот директор на ДЗС, Аднан Џаферовски, поранешниот директор на пазарен инспекторат, Виктор Дерменџиев. Опфатени се и повеќе поранешни функционери.

Повеќе информации се најавени во текот на денот.