Центарот за безбедносни истражувања ве поканува на:

ДИСКУСИЈА ЗА ЕВРОПСКИТЕ БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДИЗВИЦИ И ЗАКАНИ

која ќе се одржи на 15.10.2020 (четврток ) во “Рагуза 360 ”( Ragusa 360 rooftop ) на Ул. Св. Кирил и Методиј 1/1, со почеток во 19:00 часот.

Според објавата на ЦБИ, на дискусијата ќе бидат презентирани согледувањата на главните дискутанти:

-доц. д-р Александар Нацев, извршен директор на Центарот за безбедносни истражувања на тема Асиметрични безбедносни закани и

-Раби В. Седрак специјален советник за антитероризам на Центарот за безбедносни истражувања на тема Терористички закани, стратегии и тактики – научени лекции од Блискиот Исток

На дискусијата ќе учествуваат и претставници на дипломатските претставништва и безбедносни организации.

Центарот за безбедносни истражувања (ЦБИ) е непрофитна, невладина организација посветена на помагањето на поединци и институции, со цел разбирање и справување со безбедносните предизвици кои ги носи денешното современо општество. Преку внимателни анализи и кредибилни истражувања, ЦБИ предлага решенија за конвенционалните и асиметричните безбедносни закани со кои се справуваат државните институции и кои претставуваат закана за безбедноста на граѓаните на Република Македонија. Некои од современите предизвици со кои се занимава ЦБИ се сајбер безбедноста, влијанието на пропагандата и дезинформациите врз населението, подигнувањето на безбедносната свест кај граѓаните, евалуацијата и менаџирањето на безбедносниот ризик, безбедносниот менаџмент со човечки ресурси, како и неколку други области кои се тесно поврзани со безбедноста. ЦБИ го постигнува ова преку ангажманот на експерти, учеството во проекти (национални, регионални и меѓународни), со поддршка на поединци и институции кои работат на вакви прашања, како и со истражување на начини преку кои може да се разрешат различни безбедносни предизвици.