Резултати од тригодишна меѓународна програма за истражување отпадни води укажува на постоење на десетици нови психоактивни супстанции, јави ДПА.
Примероците земени од 47 градови во 16 земји, вклучувајќи ги Шпанија, САД и Австралија, покажаа присуство на 18 нови психоактивни супстанции, според студијата објавена од списанието Water Research X.
Новите психоактивни супстанци се лекови чии ефекти наликуваат на оние на познатите недозволени дроги, рече водачот на студијата Ричард Бејд од Универзитетот во Квинсленд.
„Овие супстанции се синтетизираат за да ги заменат забранетите супстанции. Тоа значи дека тие имаат малку поинаква молекуларна структура, што не е споменато во законот”, вели д-р Бејд.
„Тие обично се произведуваат во мали количини во споредба со традиционалните недозволени дроги, што ги отежнува контролата на органите на прогонот“, додаде тој.
Д-р Бејд рече дека само во Австралија, истражувачкиот тим открил седум нови супстанции, „сите имаат слични ефекти на МДМА или кокаинот“.
„Откривме и зголемување на употребата на слични лекови во Европа каде што има високи нивоа на 3-метилметкатинон, особено во Шпанија и Словенија“, додаде тој.
Примероците се земени за време на новогодишните празници во три последователни години од 2019 до 2022 година, при што резултатите покажуваат пад на употребата на психоактивни супстанции за време на новогодишните прослави во 2020 година поради пандемијата на Ковид, рече д-р Бејд.
Тој повика на светска кампања против употребата на психоактивни супстанции.