Мајчиното млеко е безбедно за бебето и, ако мајката е заразена со коронавирусот, тој нема да се пренесе на бебето преку доење. Ова, според ново истржување на Одделот за неонатологија при Универзитетот на Торино.
– Микробиолошките анализи покажаа дека коронавирусот не се пренесува од мајка на бебе, што е многу важно, нагласи професорот Давид Лембо, кој го водеше испитувањето. – Антивирусното дејство на мајчиното млеко е тестирано неколку години, но сега се откриени нови компоненти кои можат и да го заштитат новороденчето од вирусите.
Следствено, проф. Лембо препорачува, освен во посебни случаи, мајките да го дојат своето дете, бидејќи тоа е „еден од најважните извори на здравје и силен имунитет“ кај бебето.
Истражувањето е објавено во меѓународното научно списание „Фронтиерс ин педијатрикс“ (Frontiers in Pediatrics) и дополнително ги потврдуваат препораките на Светската здравствена организација (ОМС) дека и мајки заразени со коронавирусот можат и треба да ги дојат своите бебиња… Притоа почитувајќи ја хигиената, заштитните мерки, како што е носењето заштитна маска, миење раце, чистење и дезинфекција на користените површини и предмети.