Европската комисија, во рамки на иницијативата за решавање на проблемот со двојниот квалитет на прехранбените намирници во државите членки на ЕУ, објави студија која покажува дека една третина од производите кои се со исто или слично пакување во различни земји се со различен квалитет или состав.
Врз основа на пријава на граѓани, кои во последните догини посочуваат дека квалитетот на намирници од иста марка не е еднаков во сите земји, ЕК направи студија и анализираше над 1.400 производи во 19 земји членки на ЕУ.
Студијата покажува дека девет отсто од споредуваните поизводи се разликуваат по составот, иако предната страна од пакување била идентична. Истовремено, 22 отсто од производите со поинаков состав, имале слична предна страна на пакувањето, посочуваат од Комисијата.
Според ЕК, студијата не покажала доследен географски образец.
– Од една страна сум среќен што не се пронајдени докази за поделба на Исток и Запад во составот на брендираните производи, но загрижен сум поради фактот што една третина од тестираните производи имаат различен состав, иако се исто или слично брендирани, изјави еврокомесарот за образование, култура и спорт Тибот Наврачич.
Од Еврокомисијата наведуваат дека на единствениот европски пазар не смее да има двојни стандарди, и бараат од националните влади да ги казнуваат обидите за двоен стандард кога е составот во прашање.