Шари Марксон е австралиска новинарка, родена 1984 г. и е уредник во австралискиот весник The Australian и води емисија на ТВ Скај Нус во сабота навечер под наслов „Шари“. Неодмна објави книга, како резултат на нејзино истражување, во која ја образложува и открива веројатноста дека САРС КОВ 2 вирусот поради кого умреа најмалку три милиони луѓе во светот од Ковид 19 е вештачки создаден во лабораторијата во Вухан.
Станува збор за т.н. gain of function researches – термин кој означува истражувања при кои од природата се изолира еден вирус кој во основа е безопасен, потоа лабораториски се зголемува неговата вирулентност и смртносноста кај луѓето. Тоа е тоа што Доналд Трамп го тврдеше нарекувајќи го САРС КОВ 2 „кинески вирус“.
Но, тоа за што зборува Марксон е дека Антони Фаучи, клучниот советник на Трамп и Џо Бајден во оваа пандемија, знаел за ова уште на почетокот од пандемијата. За ова изминатиот месец во американскиот Конгрес се водат серија испрашувања предводени од републикански сенатори, за што во македонските медиуми нема никакви информации, а на другата страна седи Фаучи. Во ова интервју, Марксон таа открива дека се објавени илјадници мејлови од кои се гледа дека Фаучи бил загрижен дали може да сноси одоговорност за истражувањата при кои можеби настанал вирусот.
Како што рековме, интервјуто добива своја тежина и со оглед на фактот дека во американскиот Конгрес, Фаучи изминатите 30-тина денови е под рафално испитување на реубликанските сенатори и при тоа не се крие дека Фаучи и Националниот институт за здравје на САД со кој Фаучи раководи, ги финансирал истражувањата во Вухан, па дури и дека научник од лабораторијата во Кина соработувал со американски научник токму на ова поле. Дополнително кон ова се додава фактот дека во овој момент во САД постојат 11 лаборатории кои работата на создавање вештачки смртносни вируси, некои од нив 15 пати поопасни од САРС КОВ 2.
Со другу зборови, американските даночни обврзници го финансирале и учествувале во истражуавњето вируси кои се повирулентни и псомртносни, а еден од нив е токму САРС КОВ 2, за кого, ако се сеќавате, не убедуваа дека скокнал од лилјак на човек на пазар на Вухан.
СКАЈ ЊУС: Последните мејлови кои ги видовме и кои му биле испратени на д-р Фаучи кој е прв советник на последните двајца претседатели на САД за пандемијата со корона вирусот, не водат до минатиот февруари и до тоа дека вирусот е вештачки создаден?
МАРКСОН: Ова се неверојатни мејлови. Сега знаеме дека Фаучи знаел за истражувањата со кои се зголемува инфективноста на еден вирус и неговата преносливост од животни на луѓето. Веројатно пошироката јавност не знае за овој термин (gain of function researches – термин кој означува истражувања при кои се зголемува вирулентноста и смртносноста на еден вирус кај луѓето), но станува збор за тоа дека не е новост дека во лабораториите вештачки се зголемува инфективноста на вирусите со нивно комбинирање или со мутации или со некоја форма на генетска модификација. Целта е да се креираат поинфективни и посмртносни вируси и да се види како дејствуваат на луѓето. Креираат нови вируси кои никогаш претходно не постоеле во природата. Антони Фаучи е „кумот“ на овие истражувања, и тој долго време ги бранеше таквите истражувања. Тоа е дел од книгата што ја напишав од истражувањето што го спроведов за тоа што се случило во Вухан. При истражувањето, открив дека уште во 2012 година, напишал статија во медицинско списание каде вели дека „бенефитите од такви истражување, се поголеми и вредат да се ризикува пандемија“. Ова е неверојатно сознание. Тоа недозволиво за човек кој треба да го заштитува јавното здравје, но тој тоа го направил.
Понатаму, овие мејлови покажува дека во многу раната фаза на пандемијата тој изразил загриженост за овие gain od function истражувања… и гледаме во овој наплив од мејлови се обидува да дознае дали тој би можел да биде одговорен или дали Националниот институт за здравје со кој тој раководи може да биде одговорен за финасирање на истражувања при кои можеби е креиран овој вирус кој истекол од лабораторијата. Ова е реална можност и токму затоа гледам такво покривање од страна на Фаучи со изговор дека не знаеме дали ова е природен вирус или не. односно, дали овој вирус едноствано скокнал од животно на човек или е создаден во лабораторија, а оттаму на некој начин се пренел во надворешниот свет. Двете опции се на маса, а ако ова е лабораториско истекување, тогаш американското финансирање на лабораторијата во Вухан под покровителство на Фаучи е скандалозно.
СКАЈ ЊУС: Интересное дека велите дека америански истражувачи и научници се директно инволвирани во овие истражувања, но во мејлото што го видовме и од Кристијан Андерсон до Фаучи се вели дека изгледа дека некои карактеристики на вирусот изгледа се вештачки создадени. Исто така, се истакнува дека некои карактеристики на вирусот не се компатибилни односно не би настанале доколку вирусот природно еволуирал… Се чини дека ова им било познати на сите авторитети во САД уште во февруари лани?
МАРКСОН: И не само тоа, туку на американската јавност никогаш не и беше кажано за ова. Не им беше кажано ни на Австралијците, на Европјаните, не му беше кажано никому на светот. Научниците како Фаучи дефинитивно не убедуваа дека тоа е природен вирус. Но зад завесата научниците веќе знаеле и гледале дека вирусот не се однесува како што би се однесувал природен вирус… За прв пат за ова проговори Николај Петровски, научникот од Австралија кој во интревју ми призна дека ова можеби е вештачки создаден вирус.
Научниците знаеле дека постои таква можност, Фаучи знаел дека постои тава можнпст, и тоа уште на почетокот на апндемијата, но сите го негираа тоа.
СКАЈ ЊУС: Едно е јасно – мора да го знаеме потеклото на вирусот за да можеме да се заштитиме и да превенираме повторно да ни се случи истото, но зошто е таа информација толку битна, па била криена од останатите? Сфаќаме дека политички САД не би сакале да ја навредат Кина, тоа е првиот аспект, второ, многу луѓе не би сакале да поверуваат во ова, зашто тоа би помогнало Трамп да биде реизбран и одбиваа да помислат за таквата можност за да му наштетат на Трамп и трето, сакаа да го скријат фактот дека американски научници се инволвирани во ова?
МАРКСОН: Мислам дека главна причина поради која многу виролози и новинари не зборуваа за ова е втората причина – дека со тоа би му помогнале на Трамп. И второ, научниците стравуваа дека ако се покаже дека овој вирус избегал од лабораторија, што би значело тоа за нивните истражувања? Можно е тоа да доведе до забрана на истражувањата со кои се зголемува вирулентноста и смртноста на вирусот… Јас зборува со многумина од врвот на националната безбедност на САД; практично со секого, и сите рекоа дека Фаучи никому не му кажал дека постои можност во прашање да е вештачки вирус кој избегал од лабораторија. А, зад сцената, можеме да видиме дека тој е загрижен поради ова, но никому не му кажал ништо.