Моменталниот животен стандард, политичката нестабилност, здравството и образованието не поставија на 78 место од 181 рангирана држава според последното истражување на УНДП за 2022 година. Голема улога во последните две години играат глобалните кризи, но според шефот на државата Пендаровски нашиот човеков развој нема задоволително темпо и поради внатрешните фактори.
Сведочиме на долгата децениска историја на започнати, а не завршени реформи, како и на корупцијата, клиентелизмот и сивата економија што ја еродираат довербата на граѓаните во институциите. Безмалку секоја власт, од независноста до денес оставаше системски слабости кои се таложеа.
Па оттаму не треба да не зачудува што постојат тенденции за пораст на евроскептицизмот, популизмот и авторитарните тенденции – додаде Пендаровски
Во низата на недоверба во клучните чинители и институции најлошо котираат политичките партии, а потоа следуваат парламентот, судството и обвинителството. Поголема доверба кај граѓаните уживаат, Армијата, Медумите и полицијата која е на самата граница. (графика)
Но, човековиот развој не назадува само во земјава. Првиот човек на УНДП во земјава – Григоријан вели дека проблемот е глобален. Ковид-кризата, војната во Украина, како и енергетските и економски кризи се главните виновници според него.
Неизвесните времиња, немирните животи ја оформуваат нашата иднина во светот кој се менува. Го отсликува глобалното општество како лута од криза до криза чии ризици водат кон зголеменo обесхрабрување и неправда.
Според индексот на човековиот развој, во регионот најдобро котира Словенија која е рангирана на 23 место, а потоа следуваат Грција, Хрватска и Црна Гора кои се најдоа во топ 50 земји. После Македонија, најслаб развој има во Босна, а потоа следат Бугарија, Албанија и Србија.