Истражувањата покажуваат дека омажените жени се склони да изјавуваат дека се среќни во бракот, но само во присуство на нивниот сопруг – откако тој ќе ја напушти просторијата, ситуацијата се менува.
Психолозите велат дека жените кои не се во брак и кои не одгледувале деца се најсреќниот дел од популацијата. Професорот Пол Долан наведува дека за мажите е препорачливо тие да се во брак, додека на жените им советува да не се венчаат.
„Мажите имаат корист од бракот бидејќи со тоа се “смируваат”, помалку ризикуваат и заработуваат повеќе пари. Генерално, живеат и подолго. Од друга страна, жените кои се во брак трпат повеќе и умираат порано. Најздравата и најсреќната подгрупа на населението се жените кои никогаш не биле во брак или немаат деца”, вели Долан.
Сепак, тој наведува дека со оглед на тоа што живееме во општество кое често го наведува остварувањето на семејно поле како дефиниција за успех, некои жени чувствуваат притисок да се најдат во улога на мајки и сопруги, а доколку тоа не се случи, тие се чувствуваат несреќно.